Сè поголем број припадници на генерацијата Z се грижат за времето што го поминуваат пред екраните, а во тоа помагаат телефоните кои немаат пристап до современите социјални мрежи.
„Глупавите телефони“, без напреден софтвер и пристап до социјалните мрежи, се сè попопуларни меѓу младите американци, пишува CNBC.
Компаниите како HMD Global, сопственикот на брендот Nokia продолжуваат да продаваат милиони мобилни уреди слични на оние што ги користевме во раните 2000-ти, вклучително и „винтиџ“ дизајни како школки или оние со екрани што излегуваат, кои имаат некои нови функции вградени во нив, како GPS или интернет хотспот.
„Верувам дека дел од популацијата на Gen Z веќе нема нерви за големите екрани“, рече Хозе Брион, инфлуенсер за „глупавите телефони“ и модератор на подредитот „r/dumbphones“.
„Тие со ова го наоѓаат решението за нарушеното ментално здравје“, додава тој.
Dumb phones are on the rise in the U.S. as Gen Z looks to limit screen time https://t.co/VZIIWnr3o7
— CNBC (@CNBC) March 29, 2023
HMD Global продаде десетици илјади телефони на преклопување во САД во 2022 година, додека на глобално ниво тој број падна. Во текот на истата година, речиси 80 отсто од продадените телефони од овој тип завршиле на пазарот на Блискиот Исток, Африка и Индија, пишува Counterpoint Research.
Пазарот на „глупави“ телефони во САД е релативно мал, но во наредните години би можел да забележи постепен раст од пет проценти годишно. Во првите редови на трендот се компаниите како Punkt и Light, кои продаваат уреди наменети за оние кои сакаат да поминуваат помалку време на телефони и социјалните мрежи.