Apple патентираше интересен дизајн за идните куќишта на AirPods кои би можеле да пристигнат со екран кој би го претворил уредот во нешто многу слично на „изумрениот“ iPod.
Apple патентираше мал уред кој може да прави сè, од репродукција на музика до прикажување на нови пораки. Според патентната апликација објавена од Канцеларијата за патенти на САД, производителот на iPhone скицирал куќиште за AirPods што доаѓа со екран на допир и можност за скролање низ песни, следење на времето на вежбање, па дури и гледање филмови.
Судејќи според пријавата, Apple одлучи да патентира нешто што наликува на мал iPod Touch или iPod Nano, само со простор за полнење на безжични слушалки. Станува збор за апликација за патент, а не за финален производ, што значи дека нема индикации дека AirPods еден ден навистина ќе пристигнат со футрола за полнење на која ќе има OLED екран.
Компанијата би можела да истражува сличен уред во некоја форма, посебно затоа што AirPods се најпопуларните безжични слушалки во светот. Она што Apple би можел да го постигне со најава на сличен уред е да им даде до знаење на конкурентите за што е способен.
Apple (re)invents the iPod https://t.co/V47bmyvyfO
— TechCrunch (@TechCrunch) April 6, 2023
„Најдоброто нешто во врска со iPod е тоа што можете да ја земете целата ваша музичка колекција со вас, веднаш во вашиот џеб“, изјави основачот на Apple, Стив Џобс во 2001 година.
Во годините оттогаш, сè и ништо не се промени – музиката сè уште е една од најдобрите карактеристики на iPhone, и реално – сите знаеме дека носталгијата за iPod мора да резултира со производ. На крајот на краиштата, го среќаваме секој ден, без разлика дали е во апликации инспирирани од iPod, разни носталгични твитови, додатоци за паметни часовници или повремени филмски камео, заклучува TechCrunch.