Во рамките на „Денови на комуникациите“ во Ровињ, беа доделени наградите за најдобрите кампањи во регионот.
Во конкуренција на 180 кампањи од регионот, проектот SmoothON на Пивара Скопје, осмислен и реализиран од Публицис Скопје, беше единставената кампања од земјава која освои награда на овој престижен фестивал.
Публицис Скопје го реализираше проектот SmoothON со цел оживување и ставање во фокус на домашната музичка сцена, истакнувајќи истовремено дека Скопско Смут е пиво кое е синоним за младост, слобода и свежина. SmoothON е платформа која ги обединува луѓето што ја создаваат и дефинираат музичката сцена со цел ги пронајде и промовира најсвежите и најоригиналните домашни артисти.
BalCannes е регионален фестивал на креативноста кој ги обединува искуствата од пазарите во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија и ги слави најдобрите и најоригиналните проекти, агенции и огласувачи во регионот.