Сведоци сме на уште едно протекување на податоци за иден модел на паметен телефон, што го очекуваме со голем интерес и внимануие. Ова се наводни фотографии од еден од следните преклопни модели на Samsung – Galaxy Z Flip5.
Од фотографиите, може да се види присуство на значително поголем надворешен екран. Сепак, забележлива е и порамна странична рамка. Исто така, поставеноста на главната камера сега е хоризонтална.
Изгледа дека моделот ќе биде во склад со годинашните уреди од овој тип со поголем надворешен дисплеј. Ова ќе го направи покорисен за повеќе функционалности, а другата голема промена е во механизмот за превиткување, речиси елиминирајќи го јазот помеѓу двете страни кога е преклопен.
Уредот може да понуди 6,7-инчни главен и 3,4-инчен надворешен дисплеј. Дополнително, треба да користи Snapdragon 8 Gen 2 чипсет, а премиерата се чини дека ќе се одржи кон крајот на јули.