Во јавноста од неколку извори се споменува иницијатива за забрана на социјалната мрежа ТикТок во државата
Изразуваме длабоко жалење и сочуство со семејствата на насраданите и граѓаните на соседна Србија.
Во јавноста од неколку извори се споменува иницијатива за забрана на социјалната мрежа TikTok во државата, и до нас стигнуваат прашања на таа тема.
Најпрвин, цензурата е регулирана со уставот на Република Македонија. Така да конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Оттаму ја поддржуваме иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи. МИОА има јасен став дека е против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок, и поддржуваме санкционирање на секој извор на говор на омраза/насилство. Потребно е да направиме дистинкција помеѓу говор на омраза/насилство како и извори на говор на омраза/насилство од една страна и самите платформи за говор преку кои таков говор би се трансимитирал. Оттаму, министерството ги зема во предвид сите социјални платформи без исклучок. Иако во моментов не завземаме став за забрана на било која социјална платформа, но и како родители, силно сметаме дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат. Следствено како Министерство веќе превземаме подготвителни активности во тој правец и ќе се вклучиме со општествени иницијатив своевремено.
Апелираме за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание.
Дополнително, вклучително и до невладиниот сектор, како и останатите државни институции, телевизиски и радио концесионери да продуцираат содржина со образовно воспитен карактер и да ги пополнуваат празнините на социјалните платформи со добри содржини.
Будно ќе ги следиме случувањата и ќе бидеме во контакт со надлежните институции. Имајќи ја во предвид сензитивноста и опасностите остануваме целосно отворени за коумикација со сите општествени чинители.