Дарио Ивановски од Македонија со помината делница од 10 километри за 30:22 минути, во машка, и Билсерин Сулејман од Бугарија со време од 36:58 минути, во женска конкуренција, се победници на годинешната трка ХалкЕко Скопје трча 10км која по седми пат се одржа низ улиците на главниот град.
Организатор на овој спортски настан е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република С.Македонија. Главен партнер на трката и годинава беше Халкбанк АД Скопјекоја е позната како голем промотор на здрави животни навики и заштита на природата, па во тие рамки и како поддржувач и организатор на низа спортски настани.
ХалкЕко Скопје трча 10кме втора трка во Македонија (после ВизЕр) која се здоби со меѓународен сертификат од АИМС и Светската Атлетика и сите постигнати резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции.
ХалкЕко Скопје трча 10км како и секоја година привлече голем број професионални и рекреативни тркачи потврдувајќи дека трчањето како спорт станува сè попрактикуван во земјата. Од фонтаната Лотус пред Градскиот парк, како почетна и завршна точка на трката, долж булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански одреди, се натпреваруваа и забавуваа 1.500 учесници, колку и што беа предвидени како максимален број на натпреварувачи, кои ги бодреа многу граѓани долж предвидената траса.
Трката е уште еден спортски настан поддржан од Халкбанк, како промотор на активности врзани за негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, кои се реализираат преку платформа ХалкЕко. Многу спортски настани во изминативе години добија поддршка од банката, а таа самата е организатор на хронометар велосипедската трка Халк Вело Грин која веќе три години се одржува во Маврово на 8 септември.
Платформата ХалкЕко е развиена од истоимената апликација која ги поттикнува корисниците да ги остават автомобилите и да практикуваат здрав животен стил, придонесувајќи со тоа за намалување на емисијата на штетни гасови CO2 и истовремено за садење нови дрвја. За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции, но истовремено обезбедува и дрвја кои Халкбанк презема обврска да ги засади. Банката досега има организирано повеќе акции за зазеленување и пошумување и има донирано над 33.000 садници во земјава.