Претпродажба со извонредни подароци за уште подобро доживувањето на гледањето
Samsung на македонскиот пазар ја претставува новата димензија на искуството со OLED телевизорите за што подготви специјална понуда за преднарачки. Доколку направите преднарачкана 195 cm (77″) S95C OLED 4K HDR Smart TV (2023 ), Samsung ви овозможува заштеда од 19.000 денари и подарок по ваш избор. Можете да изберете од пакетот „Freestyle“, кој вклучува „Freestyle“ пренослив проектор, торбичка и футрола за него, или звучник Soundbar HW-Q990B.
Посветол и подобар OLED телевизор кој изгледа одлично од секој агол
Телевизорот 195 cm (77″) S95C OLED 4K HDR Smart TV (2023) беше оценет од страна на публикацијата Tech Review и ја доби етикетата „Избор на уредникот” (Editor’s choice). Новинарот Џон Арчер, меѓу другото за него напиша: „Убедливо најатрактивната карактеристика на S95C е тоа што ја воведува втората генерација на Quantum Dot OLED панелот на Samsung. Врв на сéе приближно 40% дополнителната осветленост што ја постигнува. Во исто време, S95C е исклучително добар монитор за гејминг. Во однос на квалитетот на сликата, неговата нова осветленост, опсег на бои, острина и детали се одлични партнери за острата и динамична 4K HDR графика која е сè почеста во модерните игри, што ги прави вашите омилени светови на игри уште поинтензивни и попривлечни. Телевизорот е навистина спектакуларен“.
Запознајте го премиум телевизорот со извонредна големина
Втората генерација на Samsung OLED телевизори доносува исклучително доживување при гледањето. Брилијантниот квалитет на 4K слика е надополнет со 20 различни невронски мрежи кои гарантираат дека навистина ја чувствувате моќта на 4K резолуцијата. Иновативната Samsung OLED технологија ги овозможува најтемните длабоки црни, најчистите бели и сите нијанси на бои со помош на најнапредните самоосветлени пиксели напојувани со квантни точки. Сето ова се случува на импресивните 195 сантиметри (77 инчи) на овој премиум телевизор. Дури и звукот не заостанува зад сликата, бидејќи искуството на Dolby Atmos со звучниците на горниот канал овозможуваатповеќедимензионален звук што го доведува гледачот во центарот на дејството.
Телевизорот може да се пофали и со исклучително елегантен дизајн. Прекрасниот бесконечен дизајн со тенок профил го подигнува доживувањето на гледањето на следното ниво.
WOW понуда
Искористете ја единствената можност да го изберете премиум телевизорот Samsung 195 cm (77″) S95C OLED 4K HDR (2023) и да добиете попуст од 19.000 денари со вашата преднарачка. Во исто време, изберете и исклучителен подарок. Достапен ви е пакетот Freestyle, кој го вклучува преносливиот проектор The Freestyle, торбица и футрола за него или звучник Soundbar HW-Q990B.
Сите информации за промоцијата, која важи од 8 мај до 15 мај 2023 година, може да се најдат на веб-страницата на Samsung.