Пред неколку дена, компанијата Nothing навести дека следниот смартфон на компанијата ќе пристигне во текот на летото, а за време на Мобилниот конгрес во Барселона беше објавено дека ќе има флегшип чипсет од Snapdragon 8 серијата.
Сега имаме и наводни клучни спецификации на телефонот. Според дојавувач на Twitter, новиот уред ќе има 6,55 инчен FHD+ AMOLED дисплеј со стапка на освежување од 120 Hz, Snapdragon 8+ Gen 1 чип, тројна камера со главен сензор од 50 MP и оптичка стабилизација. Може да се забележи и батерија од 5000 mAh, безжично полнење, сателитско поврзување и Android 13 со NothingOS 1.5 интерфејс. Смартфонот се очекува да биде достапен во три варијанти – 8GB/128GB, 8GB/256GB и 12GB/256GB. Изработката може да биде слична на претходниот модел со алуминиумска рамка и стакло на двете страни на куќиштето.
#Nothing Phone 2 is ready to be introduced 🔥
✓6.55 FHD+ AMOLED 120hz
✓Snapdragon 8+ Gen 1 (4nm)
✓LPDDR5 & UFS 3.1
✓50MP OIS + MP + MP
✓LED Glyph Light
✓In-display FS
✓Stereo speakers 2 mic
✓Wireless charging
✓Satellite Connectivity #NothingPhone2(1/2) pic.twitter.com/17mrlumJL2
— Sunay Gourkhede (@Tech_Wallah) May 5, 2023