Новата Google I/O 2023 конференција се одржа вчера попладне и се чини дека технолошкиот гигант досега немал никогаш повеќе објави и новости за јавно споделување
Pixel линијата доби два нови телефони и таблет, кои беа најавени на конференцијата Google I/O 2023, а покрај на уредите, главниот фокус беше на вештачката интелигенција. Доколку не ги следевте настаните во живо, еве ги најважните вести што ги објави Google.
Три нови Pixel уреди
Иако не се продаваат во Македонија, Pixel уредите важат за популарни на глобално ниво, а често може да се видат и кај нас. Семејството на уреди на Google го доби Pixel Fold, првиот уред на компанијата со екран на преклопување, буџетскиот модел Pixel 7A и Pixel таблет уредот.
Знаевме речиси сè за моделот Pixel Fold во деновите пред конференцијата. Pixel Fold од 1.799 долари го означува првиот налет на Google во сцената на свитливи телефони. Надворешниот екран е од типот OLED со дијагонала од 5,8 инчи, а внатрешниот, исто така OLED, се отвора до 7,6 инчи и има брзина на освежување од 120 Hz. Новиот 11-инчен Pixel Tablet ќе се продава по цена од 499 долари, а функционира и како таблет и како паметен дисплеј благодарение на магнетниот приклучок за полнење што се удвојува како звучник.
Исто како Pixel Fold и Pixel Tablet, новиот Pixel 7A располага со Google Tensor G2 чип, заедно со 6,1-инчен 1080p дисплеј способен за максимална стапка на освежување од 90 Hz. Основната верзија на телефонот чини 499 долари, но некои оператори ќе продаваат поскапа опција од 549 долари која поддржува 5G mmWave.
Google пребарувањето засилено со вештачка интелигенција
Google Search добива големо ажурирање во форма на нешто што се нарекува AI слики од екранот. Кога ќе се одлучите за новата функција наречена Search Generative Experience (SGE), ќе почнете да гледате одговори засновани на вештачка интелигенција на самиот врв на резултатите од пребарувањето за некои прашања, што може да пружи повеќе контекст за вашето пребарување. Ова ќе ви овозможи да ги намалите информациите во оваа слика со дополнителни прашања.
Овие AI слики ги покренува ажурирана верзија на големиот јазичен модел на Google (LLM) наречен PaLM 2, нешто што Google исто така го најави на I/O конференцијата. Новиот модел веќе покренува 25 услуги на Google, вклучувајќи го и четботот Bard на компанијата, и доаѓа со подобрувања во заклучувањето, кодирањето и преводот.
Bard им е достапен на сите
Google објави дека неговиот четбот со вештачка интелигенција сега им е достапен на сите, без разлика дали сте биле на листата на чекање. Компанијата додава и мноштво нови функции, како што се поддршката за јапонски и корејски јазик и полесен начин за извоз на генериран текст во Google Docs и Gmail.
Има и нов темен режим и функции за визуелно пребарување, а Google планира да додаде уште повеќе функционалности во иднина. Тие вклучуваат генерирање на AI слики со помош на Adobe AI генератор на слики наречен Firefly, како и интеграции со услуги од трети страни, како што се OpenTable и Instacart.
Android добива AI опции на прилагодување
Вештачката интелигенција не доаѓа само поради Google пребарувањето. Компанијата објави дека донесува и нови функции кои се базираат на вештачка интелигенција на Android. Една од овие функции, наречена Magic Compose ќе биде сместена во апликацијата Messages Android и ќе даде можност да одговарате на текстови користејќи одговори предложени од вештачката интелигенција.
Додадена е и функција која ќе ви овозможи да користите вештачка интелигенција за да креирате сопствена позадина. Наместо да избирате од збирот претходно подготвени опции, оваа функција ќе ви овозможи да опишете слика што вашиот уред потоа ќе ја генерира користејќи го Google diffusion моделот што го префрла текстот во слика. Дополнително, Google следниот месец ќе лансира функција ексклузивна за Pixel, што ви овозможува да го прилагодите вашиот уред на нова „кинематска позадина“ која додава длабочина на една од вашите постоечки фотографии.
Google Photos со малку AI магија
Google Photos добива сосема нова функција за уредување фотографии со вештачка интелигенција, која ви овозможува да направите прилично значајни промени на фотографијата, како што е подобрување на небото, преместување личност или објект и отстранување на луѓето во позадина. Функцијата најпрвин ќе дојде до корисниците на Pixel уредите подоцна во текот на годината.
Duet AI, Google Home и Wear OS 4
Од останатите новитети, Google го претстави Duet AI, пакет алатки за вештачка интелигенција кои доаѓаат во канцелариските апликации Docs, Sheets, Slides, Meet и Gmail. Google Home доби редизајн со подобар интерфејс на камерата, нов таб со омилени локации и проширена поддршка за уредите.
Иако Wear OS 3 сè уште не излезе во целост на сите уреди, Google најави да се подготвуваме за Wear OS 4, кој донесува унапредена автономија на батеријата, нов бекап, подобра интеграција и контрола на други уреди и многу повеќе.