По само неколку месеци откако Јупитер го презеде водството, Сатурн сега се враќа на тронот како планета со најмногу природни сателити.
Кон средината на февруари научниците објавија дека Јупитер има 12 месеци повеќе отколку што дотогаш се мислеше, што во тој момент значеше дека овој гасен џин е планета со најмногу природни сателити во нашпиот Сончев Систем. Меѓутоа, како што секој ден сѐ поинтензивно ги истражуваме тајните на вселената, не треба да нѐ чуди тоа што овие и сличните податоци често се менуваат – па така Сатурн повторно е на врвот, сега со бројка од 145 месечини.
Користејќи податоци собрани од телескопот Canada–France–Hawaii Telescope (CFHT) при опсерваторијата Мауна Кеа лоцирана на Големиот Остров на Хаваите, тимот истражувачи од Универзитетот во Британска Колумбија интентификуваше 62 вселенски објекти кои претходно беа или премногу мали или нејасни за да бидат идентификувани.
Оваа макотрпна работа започна во 2019 година, кога во близина на Сатурн беа приметени неколку неидентификувани објекти. Но, за целата работа да биде завршена и за тие категоризирани како „сомнителни месечини“ да бидат префрлени во категоријата „потврдени месечини“, астрономите морале да ги пратат неколку години за да потврдат дека навистина кружат околу гасниот џин.
Покрај тоа, било воочено дека тие пратат елиптичен пат околу оваа планета, а често се движат и ретроградно. Сите овие податоци научниците ги натерале да заклучат дека сателитите на Сатурн настанале од поголема месечина која се распрснала пред неколку десетици милиони години.
Наредниот чекор е признавање од страна на Меѓународната строномска унија, што се очекува кон крајот на овој месец.