Компанијата Meta успеа да ја реши грешката на социјалната мрежа Facebook поради која автоматски се испраќаа барања за пријателство кога корисниците само посетуваа било кој профил.
Meta им се извини на корисниците за непријатностите и рече дека „багот што предизвикуваше испраќање на барањата е отклонет“.
Оваа грешка збуни многумина, при што некои корисници открија дека „технички проблем привремено го оневозможи ‘следење на Facebook’ на други корисници“. Во некои случаи, корисниците ненамерно испраќале барања за пријателство до луѓе што се обидувале да ги блокираат.
Fb is legit adding randoms if you click on their profile.
Got a screen record here.@facebook wtf?!#Facebook #glitch #facebookadd pic.twitter.com/S7lxPhQU6F
— Bavid Mcjavid (@bavidmcjavid) May 12, 2023
Проблемот со багот се случи во време кога Meta планираше да отпушти 10.000 вработени. Првиот човек на компанијата, Марк Закерберг, оваа година ја нарече „година на ефикасност“, а до крајот на 2023 година, работната сила на Meta ќе биде намалена за најмалку 21.000 вработени.