Помалку од три недели откако истата аквизиција беше блокирана од британскиот регулатор CMA, од Европската комисија стигна зелено светло за 69 милијарди „тешкото“ купување на Microsoft на познатото гејминг студио.
Microsoft со месеци се обидува да ја заврши договорената аквизиција, која треба да стане најголема досега на пазарот на компјутерски игри. Тие се согласија да го купат Activison Blizzard, студиото за игри зад популарните франшизи Call of Duty и World of Warcraft и други познати наслови. Сепак, иако зделката беше објавена уште во јануари минатата година, и сега речиси година и пол подоцна, таа не е склучена – поради бројни регулаторни пречки.
Да потсетиме дека на крајот на минатиот месец, британскиот регулатор за конкуренција (CMA) ја блокираше оваа аквизиција, објаснувајќи дека ова ќе го направи Microsoft доминантен играч во cloud игрите, задушувајќи ја конкуренцијата и давајќи им помал избор на гејмерите во велика Британија. Но, ни три недели по таа одлука, пристигна пресуда од Европската комисија – со дијаметрално спротивен карактер.
Имено, под покровителство на европските правила за спојувања и превземања, ЕК го прифати предлогот на Microsoft да го преземе студиото Activision Blizzard, како што беше предложено. Комисијата заклучува дека обврските на Microsoft според овој договор се целосно во согласност со правилата за фер конкуренција на Европската унија и претставуваат значаен чекор напред во однос на игрите во облак, во споредба со сегашната ситуација.
Комисијата вели дека спровеле темелна истрага и ги засновале своите заклучоци на цврсти докази и повратни информации и од конкурентите и од потрошувачите, вклучувајќи ги програмерите на игри и другите платформи за дистрибуција на игри во облак во Европската унија. Истрагата, велат тие, покажала дека по преземањето, Microsoft нема да биде во позиција да и наштети на конкуренцијата во областа на гејминг конзолите и услугите за претплата на повеќе платформи. Единственото место каде што тоа би можело да има влијание врз конкуренцијата е пазарот на cloud игри, додека нивната позиција во доменот на компјутерски игри ќе биде зајакната.