Неодамнешното широко распространето ажурирање на апликацијата Google предизвика проблеми со празнење на батеријата и прегревање на некои Pixel паметни телефони. Сега се чини дека компанијата се справи со овој непријатен случај објавувајќи поправка со која се отстранува проблемот.
Google наведува дека не е потребно никакво дејство од корисникот, бидејќи промената ќе се изврши на страна на серверот, односно без ажурирање на самата апликација на уредот. Ова веднаш ќе го реши проблемот.
Да потсетиме дека од непријатниот ефект беа погодени смартфоните од Pixel 6 и 7 сериите. Корисниците на обвие уреди пријавија драстично влошување на траењето на батеријата, а кај некои автономијата падна на половина.