Новите информации за Motorola Razr+ откриваат што се можеме да очекуваме, вклучувајќи и поддршка за работа со апликации и тастатура на надворешниот екран.
Еван Блас, кој неколку пати објавуваше информации за претстојниот преклопен модел MotorolaRazr+ вчера објави нови материјали кои откриваат детали кои досега не ги знаевме. Поточно, за брендирањето на смартфонот во Америка и карактеристиките што ќе ги има надворешниот дисплеј на новиот телефон на преклоп.
Кога претходно се зборуваше за овој уред, се очекуваше да се продава како Razr 40 Ultra во САД, но сега се чини дека името сепак ќе биде Motorola Razr+. Ова имплицира дека поевтиниот модел, доколку се продава во САД, едноставно би го носел името Razr, пренесува 9to5google.
Motorola Razr+ нуди повеќе од конкуренцијата
Тоа секако има смисла, бидејќи брендирањето „40“ на Motorola важи само за серијата Edge и тоа на меѓународниот пазар. Во САД, врвниот модел на компанијата едноставно се нарекува Edge+.
Покрај тоа, Блас сподели уште неколку нови маркетиншки материјали за Motorola Razr+, вклучувајќи две видеа кои прикажуваат надворешен екран со апликации и целосна тастатура. Овс е одлично да се види, бидејќи не само што ја задржува функционалноста што ја имаше Motorola со своите постари модели Razr, туку продолжува да нуди нешто што конкурентите како Samsung, Oppo, Vivo и други не го нудат.
Сите тие преклопни телефони поддржуваат само ограничени графички контроли на надворешниот дисплеј, а во многу случаи ги немаат ниту наједноставните функции. Новиот Motorola Razr+ – или како и да се вика – ќе биде лансиран на 1 јуни и ќе чини околу 1.000 долари.