Практиката на префрлање од една на друга мобилна платформа е релативно честа појава кај корисниците на паметни телефони. Се разбира, се работи за префрлување од Android на iOS или обратно.
Consumer Intelligence Research Partners (CIRP) ги објави податоците од истражувањето кои покажуваат дека луѓето се повеќе избираат да го заменат Android за iOS и iPhone. Информациите укажуваат дека 15 проценти од купувачите на iPhone кои учествувале во истражувањето се префрлиле од Android. Податоците се за март 2023 година во споредба со истиот период минатата година.
Наспроти тоа, 83 отсто од оние кои купиле нов iPhone поседувале ваков уред претходно. Податоците се интересни, а има и други љубопитни моменти, особено на подолг рок. Процентот на корисници кои преминуваат од Android на iOS дефинитивно расте и во 2020 и 2021 година изнесува 10 проценти, а во 2022 година е 11%. Сепак, ситуацијата е значително подобра во споредба со 2016 година кога дури 21% направиле транзиција.