Во последниве години, технолошкиот сектор нуди се повеќе решенија и технологии фокусирани на здравствената заштита. Сега Google воведе нови алатки кои помагаат во менталното здравје.
Со овие ресурси, луѓето ќе можат да допрат до експерти, дури и преку пребарување и видеа на YouTube. Компанијата е партнер со голем број организации во САД, а со тоа им помага да ги развијат своите активности.
Google презема и чекори за ограничување на штетната содржина што младите може да ја гледаат на YouTube. Компанијата вели дека ќе го ограничи пристапот, во зависност од возраста, или целосно ќе ги отстрани видеата поврзани со проблеми со исхраната.
Фокусот на Google на менталното здравје ќе се прошири и на функционалноста за пребарување. Кога корисникот бара содржина поврзана со самоубиство, енџинот ќе предложи текстуални пораки што може да се испратат до лицето кое доживува такви мисли.