Благодарение на ажурирањето на функцијата My List, корисниците на Netflix ќе можат попрецизно да ги филтрираат и сортираат филмовите и сериите што ги означиле за гледање
За да им олесни на корисниците да ги сортираат и филтрираат сериите и филмовите што ги означиле за гледање, Netflix ја подобрува својата функција My List. Како што откри портпаролката на Netflix, Лејал Браун за The Verge, ќе може да се филтрира листата со содржини според тоа дали корисникот почнал да ја гледа или не и да ги сортира по азбучен ред, додавањето на листата и датумот на објавување.
Освежената функција My List најпрвинќе биде достапна за корисниците на Netflix на Android, а ќе дојде и на iOS во наредните недели. Браун сподели и слики од екранот кои покажуваат како сето тоа ќе изгледа во рамките на апликацијата.
Понатаму, Netflix додава посебен дел на почетниот екран во рамките на ТВ апликацијата за филмови и серии кои наскоро ќе станат достапни за гледање. Досега, да потсетиме, за тоа требаше да се оди во специјалниот оддел New & Hot, што бараше уште неколку чекори повеќе.