Истражувачите за безбедност развија нов метод за напад, за кој е потребна опрема вредна 15 долари. Пристапот се нарекува BrutePrint и може да се изврши за најмалку 45 минути, со што конечно ќе се отклучи екранот на уредите со Android.
Нападот беше тестиран на десет паметни телефони и тоа Xiaomi Mi 11 Ultra, vivo X60 Pro, OnePlus 7 Pro, Oppo Reno Ace, Samsung Galaxy S10 Plus, OnePlus 5T, Huawei Mate 30 Pro 5G, HUAWEI P40, iPhone SE и iPhone 7.
Уредите на Apple не се засегнати, а за целта на хакирањето беше искористена плоча од 15 долари. Сепак, потребна е и база на податоци за отпечатоци од прсти, како што беше случај и кај претходните пробиви.
Потоа BrutePrint се обидува да го отклучи телефонот неограничен број пати користејќи ги достапните податоци. За разлика од лозинките, за кои е потребно целосно совпаѓање, отпечатоците од прсти прифаќаат одреден процент. Така, потребни се доволно блиски податоци од базите на податоци.
Се експлоатира ранливост што дозволува неограничен број обиди за отклучување со отпечаток од прст. Во зависност од конкретниот модел, процесот трае помеѓу 40 минути и 14 часа. Од тестираните модели најбрзо се отклучува Galaxy S10 Plus, а најбавно се пробива Xiaomi Mi 11.