Во рамки на заложбите за континуирана и забрзана дигитална трансформација, Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и Претседателот Стево Пендаровски денеска во ЕТУ-Куманово промовираа четири (4) нови е-услуги:
Првата услуга е: Контрола на листата на логови за спроведен пристап до личните податоци на корисникот.
,,Услугата обезбедува издавање на листа на логови за спроведен пристап до вашите лични податоци од страна на корисниците на податоци содржани во Регистарот. Може да направите увид на листа на логови за спроведен пристап до вашите лични податоци во Регистарот преку сопствениот кориснички профил на Порталот со поднесување на барање за издавање на листа на логови, или преку посредник со лично присуство во административна канцеларија- Една точка за услуги, доколку ги исполните наведените услови“, истакна министерот Алиу.
Втората услуга е Потврда за содржани лични податоци во Централниот регистар на население.
,,Може да направите увид во своите лични податоци содржани во Регистарот преку сопствениот кориснички профил на Порталот со поднесување на барање за издавање на потврда, или преку посредник со лично присуство во административна канцеларија- Една точка за услуги, доколку ги исполните наведените услови. Ова значи пократко време и намалени трошоци за добивање на овие услуги, овозможувајќи им на нашите граѓани пристап до овие услуги каде и да се, кога и да им затребаат. Двете услуги се достапни на националниот портал www.ulsigi.gov.mk, 24/7“, рече министерот Алиу.
Претседателот Пендаровски од своја страна ги промовираше услугите:
-Издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварените плати и надоместоци – (уверение за стаж)
-Издавање на извод од компјутерски запис – образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување.
До крајот на 2023 година, MИОА ќе нуди над 150 онлајн јавни услуги во нашата земја.