LG претстави прилично интересен нов уред во Јужна Кореја – StanbyME Go 27LX5. Станува збор за преносен дисплеј со дијагонала од 27 инчи и резолуција од 1080p, кој е вграден во куќиште кое наликува на куфер.
Покрај екранот, кој може да се навалува и ротира до 90 степени, има и звучници од 20 вати и батерија. Можно е да се дисплејот да се постави во хоризонтална или вертикална ориентација, како и во форма на таблет.
Меѓу поддржаните технологии се Dolby Vision и Dolby Atmos, а софтверски се базира на оперативниот систем webOS TV. Споделувањето содржини од паметните телефони е можно, но има и HDMI порт.
Уредот е тестиран за отпорност на низок притисок, ниски и високи температури, прашина, вибрации итн. Едно полнење на батеријата овозможува репродукција до три часа. Цената на StanbyME Go во Јужна Кореја изнесува 1,17 милиони вони (829 евра).