Јасно е дека Xiaomi работи на својата следна генерација на паметни телефони од Xiaomi 14 серијата. Сега претстојните модели Xiaomi 14 и Xiaomi 14 Pro се појавија во базата на IMEI податоци, што значи дека нивната премиера е релативно блиску.
Xiaomi 14 и Xiaomi 14 Pro ќе доаѓаат во две варијанти, една за кинескиот и една за меѓународните пазари. Xiaomi 14 Pro ги носи ознаките 23116PN5BC и 23116PN5BG, а кај Xiaomi 14 тие се 23127PN0CC и 23127PN0CG.
Броевите 2312 и 2311 го означуваат и временскиот период, декември и ноември. Сосема е веројатно дека премиерата на уредите во Кина ќе се одржи во декември или јануари, а нивното меѓународно деби ќе биде малку подоцна
Очекувањата се дека уредите ќе го користат претстојниот чипсет Snapdragon 8 Gen 3. Покрај тоа, може да има и селфи камера со можност за снимање видеа во 4K резолуција. Можно е да има и поддршка за брзо полнење до 90 и 120 вати соодветно.