Новиот мобилен оперативен систем на Apple, iOS 17 им отежнува на корисниците на Android да имаат групни разговори кога се допишуваат со луѓе кои користат iMessage на iPhone.
Испраќањето пораки или групни разговори помеѓу корисниците кои имаат iPhone со iOS 17 и телефони со Android ќе биде отежнато во рамките на апликацијата Messages, односно iMessage, бидејќи корисниците на уредите со Android нема да можат да видат некои дејства во допишувањето, пренесува AndroidAuthority.
Имено, корисниците на Android уредите можат да се приклучат на групни разговори со луѓе кои користат iPhone и апликацијата iMessages, но сега нема да можат да ги користат или да видат некои основни функции овозможени со новиот оперативен систем iOS 17.
Некои од овие функции, како што може да се види во бета верзијата на новиот оперативен систем на Apple, се размена на пораки, одговарање на одредена порака, како и квалитетот на фотографиите и видеата.
Иако постојат апликации за пораки како што се Signal, Telegram или WhatsApp каде би се избегнале вакви проблеми, апликациите за пораки слични на SMS пораките преку iMessage или Google Messages се всушност многу распространети.
Корисниците на уредите на Apple во некои региони, особено во САД, масовно ја користат оваа апликација, што сега го отежнува кореспонденцијата со корисниците на смартфони со Android.