Сениор вработен во Meta сподели детали со колегите за претстојниот ривалски сервис на компанијата на социјалната мрежа Twitter. Самостојната апликација е базирана на Instagram и ќе користи ActivityPub, децентрализиран протокол за социјално вмрежување.
Во теорија, ова ќе им овозможи на корисниците да ги задржат своите сметки и следбеници од други апликации кои го користат протоколот, вклучувајќи го и Mastodon. Системот на Instagram за автоматско додавање информации поврзани со профилот ќе се базира на сметката на корисникот.
Кодното име на апликацијата е Project 92, но може да пристигне до корисниците како Threads. Не се кријат ни целите на апликацијата, односно да се создаде алтернативна платформа со која се управува разумно. Ова секако е насочено кон Twitter и Елон Маск.
Креирањето на коотд започна во јануари, а финалната апликација ќе пристигне што е можно поскоро. Некои ѕвезди веќе излегоа со поддршка, вклучувајќи го и диџејот Slime, а се споменуваат и имиња како Опра и Далај Лама.