Samsung се подготвува да лансира нов преклопен телефон, Galaxy Z Flip5, додека Xiaomi се подготвува да излезе на пазарот со својот прв модел
Иако очекувањата за новите преклопни модели на Samsung се секогаш големи, се чини дека новиот Galaxy Z Flip5 нема да донесе значителни иновации, барем на прв поглед. Извор близок до индустријата, Јогеш Брар сугерира дека Flip5 ќе има нов чипсет и нов надворешен екран, но дека останатите карактеристики нема значително да се разликуваат од претходниот модел, пренесува 9to5Google.
Flip5 ќе има Snapdragon 8 Gen 2 чипсет, како и поголем надворешен дисплеј од 3,4 инчи, што е значително поголем во споредба со претходните модели. Сепак, тој е помал од надворешниот екран на новиот модел на Motorola Razr, кој нуди 3,6 инчен дисплеј.
Што се однесува до останатите спецификации, внатрешниот екран ќе биде со дијагонала од 6,7 инчи, а ќе доаѓа со 8 GB RAM и 128/256 GB простор за складирање податоци. Може да очекуваме и две камери од 12 MP, оперативен систем Android 13 и батерија од 3.700 mAh со полнење од 25 W. Сето тоа е практично идентично со претходниот модел, а цената ќе остане иста – 999 долари.
Xiaomi не заостанува
Во меѓувреме, Xiaomi се подготвува да го претстави својот прв телефон на преклопување. Според новите информации, станува збор за „исклучително лесен и тенок“ уред. Досега Xiaomi произведуваше телефони кои се отвораат како книга, слични на моделите од серијата Galaxy Z Fold.
Кога новиот преклопен уред на Xiaomi ќе се најде на пазарот и дали воопшто ќе биде достапен и кај нас, се уште не не е познато.