Google неодамна објави дека YouTube Shorts во иднина ќе добие поголем простор на платформата и се чини дека веќе се преземени чекори на тоа поле.
Имено, Google го промени корисничкиот интерфејс на YouTube без никакво претходно известување. Најновата промена на корисничкиот интерфејс вклучува ставање на YouTube Shorts во фокусот на платформата. Така, сега Shorts се појавуваат на врвот, поточно втори по приоритет, веднаш по најновите видеа од каналите на кои сте се претплатиле.
Овој интерфејс е имплементиран од Google на сите верзии – десктоп, Android и iOS.
YouTube Shorts претходно се појавуваше само во картичката за препораки и во посебна картичка Shorts, но новата промена значи дека Shorts сега ќе се појавуваат и во вашите препораки, веднаш по стандардните видеа.
YouTube Shorts е всушност концепт што YouTube го презема од TikTok и спаѓа во категоријата кратки вертикални видеа.
Додека од една страна популарноста на Shorts растеше со текот на времето, истото не може да се каже за YouTube Stories, функција што YouTube ја ископира од Instagram и Snapchat. Таквата непопуларност на YouTube Stories доведе до тоа YouTube да одлучи да ги згасне. Неодамна беше објавено дека YouTube Stories ќе престанат да постојат на 26. јуни 2023 година. Оваа функција постепено се укинува на платформата и сите стории што ќе бидат објавени до овој датум ќе истечат за седум дена.
Токму тогаш, YouTube објави дека ги отстранува приказните во корист на YouTube Shorts и објавите на заедницата. Приказните на YouTube беа претставени во 2017 година како Reels, за да бидат ребрендирани во Stories една година подоцна. По шест години, оваа функција ќе престане да постои на YouTube.