Google Wallet продолжува да го проширува својот географски досег со неколку нови земји, воглавно лоцирани на Балканот. На страницата за поддршка на Google стои дека Wallet сега е достапен и во Македонија, како и во Албанија, Аргентина, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Со дополнителната поддршка, корисниците во овие држави сега можат да презема Google Wallet на своите уреди со Android и да вршат бесконтактни плаќања доколку имаат можности за NFC. Во споменатите земји, Google Wallet е поддржан и за Wear OS.
Треба да се има предвид дека не сите банки во споменатите земји го поддржуваат дигиталниот паричник. Според страницата за поддршка на Google, во Македонија Wallet ќе можат да го користат само клиентите на НЛБ Банка, а во Албанија е поддржан само од ПроКредит Банка.