Идејата е интересна, но нејзината имплементација во реалниот живот е сомнителна.
Инженерите на Ford добија интересна идеја како да го зголемат досегот на електричните автомобили и пријавија патент за дополнителна батерија, односно дополнителен извор на енергија. Но, за разлика од класичните батерии сместени во автмобилот, дополнителната батерија се поставува на покривот. Таа батерија директно би ги напојувала електричните мотори и би се користела како резервна батерија која може да ги наполните главните батерии ако има потреба.
Оваа батерија би можела да се користи и како класичен извор на струја за напојување на други уреди кога има потреба, а би се полнела како класична батерија на штекер дома или на станица за полнење. При развојот на батеријата посебно внимание е посветено на управувањето со топлината за да се избегне прегревање кога е премногу топло надвор и е директно изложена на сонце.
Иако идејата е интересна, има многу проблеми со нејзината имплементација. Како главен проблем на EV Arenа ја издвојуваат тежината на батеријата. Имено, батерија од 50 kWh може да тежи од 350 до 600 кг, што е големо оптоварување за покривот. Самото поставување на батеријата е предизвик, а прашање е како би влијаела на движењето на возилото. Има причина зошто ограничувањето на кровната тежина на патничките возила е 75 кг, коментираат на страницата.
Иако постои можност Ford да планира полесна батерија со помал капацитет, на фотографиите со патентот прикажана е кровна батерија со големи димензии. Но, и доколку батеријата биде помала, се поставува прашањето колку би била корисна батерија со капацитет од, на пример 10 kWh и колку може да помогне за досегот на автомобилот.
Со оглед на тоа дека станува збор за патент, не мора да значи дека Ford ќе развие производ базиран на овој патент и идејата може да остане само на хартија.