Компанијата AST SpaceMobile на почетокот на оваа година, во соработка со AT&T успеа да го поврзе Samsung Galaxy S22 со сателит во ниската орбита на Земјата и да оствари двонасочен гласовен повик.
Овој успешен тест означи голема пресвртница за сателитските мобилни комуникации, а компанијата тврди дека сега е чекор поблиску до приближување на технологијата до потрошувачите.
AST оваа недела соопшти дека неодамна извршила повеќе тестови на Хаваи каде што нејзините инженери забележиле брзина на преземање од 10 Mbps од сателитот BlueWalker 3 до фабрички паметен телефон на Земјата.
„Успешното постигнување двоцифрена брзина на преземање податоци во текот на тестирањето од сателит на паметен телефон нè носи чекор поблиску до тоа да се осигураме дека луѓето низ САД можат да останат поврзани без оглед на нивната локација“, рече шефот на AT&T Networks, Крис Самбар.
Во следниот чекор, AST сака да го поврзе паметниот телефон со сателитот BW3 преку 5G сигнал. Ракетата Falcon 9 на SpaceX го испорача сателитот во ниската Земјина орбита во септември, а тој е опремен со најголемата антена досега на комерцијален сателит и претставува еден од најсветлите објекти на ноќното небо со големина малку поголема од 64 квадратни метри.