Вториот модел на стартапот Nothing го задржува препознатливиот изглед од минатата година, но со чип од повисоката класа и понови камери.
Компанијата Nothing официјално ја претстави втората генерација на својот телефон, наречен Phone 2. Уште претходно беа познати доста детали за смартфонот, така што голема вест денес е цената на Phone 2 и датумот на објавување. Ќе биде достапен по стартна цена од 599 долари (579 фунти / 679 евра во Британија и Европка), а за разлика од минатогодишниот уред, Phone 2 ќе биде достапен за купување во САД. Преднарачките започнуваат денес, а телефонот ќе биде јавно достапен на 17 јули.
Nothing Phone 2 нуди флексибилен 10-битен LTPO OLED дисплеј од 6,7 инчи со стапка на освежување во опсег од 1-120 Hz, поддршка за HDR10+, вграден сензор за отпечатоци, намалени симетрични рамки и врвна осветленост од 1600 нита. Од предната страна е поставена Gorilla Glass заштита, а уредот користи Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет во комбинација со 12GB RAM и 256/512GB простор за складирање.
Главната камера е двојна и вклучува Sony IMX980 главен сензор од 50 MP со OIS и 50 MP Samsung JN1 со ултраширок објектив. На предната страна има селфи камера од 32 MP со Sony IMX615 сензор. Компанијата ветува подобрен HDR, нов ноќен режим, специјален Nothing филтер и снимање видео до 4K@60fps. Додадени се и стерео звучници плус 3 микрофони.
Смартфонот работи на Android 13 и Nothing OS 2.0 интерфејс со различни оптимизации, нови виџети и многу подобрувања. Компанијата ветува дека ќе обезбеди три години големи ажурирања на Android и четири години безбедносни поправки. Како што веќе стана јасно, во август платформата ќе стане достапна за Phone (1). Батеријата има капацитет од 4700 mAh и поддржува брзо жично полнење на 45 вати и безжично полнење на 15W. Според компанијата, батеријата е доволна за 22,5 часа работа. Поддржано е и обратно безжично полнење.
За оние кои однапред ќе го нарачаат, ќе добијат подарок Nothing Ear Stick слушалки.