Заедно со Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold, Samsung се очекува да ја објави својата нова линија на паметни часовници на претстојниот Galaxy Unpacked настан на 26 јули во Сеул.
Тие часовници треба да бидат Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic. Благодарение на протечените информации од продавница од Кореја, сега знаеме во кои големини ќе бидат достапни овие часовници. Galaxy Watch 6 ќе пристигне во големини од 40 мм или 44 мм, додека Galaxy Watch 6 Classic ќе има куќишта од 43 мм и 47 мм. Овие големини важат и за Bluetooth моделите и за оние со LTE конекција.
Galaxy Watch 5 се карактеризираше со истите големини од 40 и 44 мм, па доколку поседувате некој од овие модели, знаете што може да очекувате. Galaxy Watch 6 би требало да изгледа слично како Watch 5 и Watch 4.
Онаму каде што оваа ситуација донекаде се менува е Galaxy Watch 5 Classic. Немаме вистинска референца за Watch 5, бидејќи не постоеше Galaxy Watch 5 Classic, но имаше Galaxy Watch 5 Pro со куќиште од 45 mm.
Galaxy Watch 4 линијата имаше Classic модел и неговите големини изнесуваа 42 и 46 мм, па сега големината на куќиштето е зголемена. Тоа ќе го направи Classic моделот најголемиот Galaxy Watch што сме го виделе досега.
За повеќе информации нема да треба да чекаме уште многу, бидејќи за нешто повеќе од една недела ќе го видиме дебито на Galaxy Watch 6 серијата.