Според информациите на Bloomberg, Apple работи на сопствен чет-бот со вештачка интелигенција, кој некои инсајдери го нарекуваат Apple GPT. Компанијата има свој систем за креирање големи јазични модели, кој се нарекува Ajax, и е основата на чет-ботот, но сè уште нема јасна стратегија за изнесување на технологијата на пазарот.
Ajax е изграден на технологијата за машинско учење на Google Jax и се базира на Google Cloud, кој компанијата го користи за своите cloud услуги заедно со сопствената инфраструктура и AWS на Amazon. Според Bloomberg, вештачката интелигенција стана главен фокус на Apple во последниве месеци, при што неколку тимови во компанијата работат заедно на проектот.
Компанијата беше затекната од мејнстрим усвојувањето на вештачката интелигенција со воведувањето на ChatGPT на OpenAI, Google Bard и Microsoft Bing AI. Apple со години користи вештачка интелигенција, но генеративните алатки се сосема нова територија за него. Главниот производ за вештачка интелигенција на компанијата е гласовниот асистент Siri, но неговите способности не еволуираа многу во последниве години.