Според најновите информации, се чини дека сателитската комуникација со паметни телефони доаѓа и кај моделите со Android, бидејќи Samsung Galaxy и Google Pixel уредите добија поддршка за оваа долгоочекувана функција, а таа ќе биде широко достапна откако Android 14 ќе биде јавно достапен за употреба.
Очигледно, штом оваа опција ќе стане општо достапна, ќе бара соодветен хардвер за воопшто да работи. Значи, Android 14 и Google го направија својот дел, а останатото зависи од производителите на смартфони да ја овозможат оваа функција.
Врз основа на твит од Twitter профилот на Pixel #TeamPixel, наскоро добиваме поддршка за сателитски пораки благодарение на системот Android 14. Кога функцијата конечно ќе се вклучи, првично ќе биде достапна на моделите на телефони на Google Pixel и Samsung Galaxy.
Изборот на првично поддржани модели не е изненадувачки, бидејќи Galaxy S22 Ultra е првиот Android модел што може да се користи за сателитски повици, иако овој уред официјално не ја поддржува оваа функција.
Листата на уреди на кои ќе биде возможна сателитска комуникација сè уште не е познат кога станува збор за паметните телефони, но навистина со нетрпение очекуваме конечно да видиме како Android 14 ја користи оваа исклучително корисна функција. Исто така, важно е да се напомене дека различните модели на телефони со Android се направени различно, посебно кога станува збор за вграден хардвер од различни производители.
Тоа значи дека Samsung, како можеби најголеми производител на Android телефони е воедно и со најголемо влијание и има приоритет во користењето на оваа услуга на своите уреди, а можно е други компании да не ја презентираат функцијата на своите уреди, и покрај најновата верзија на Android 14, што ја поддржува оваа функција, пренесува wccftech.