Технолошките компании постојано развиваат нови решенија, кои честопати првично се појавуваат во форма на патенти. На тој начин, овие патенти ни откриваат какви иновации би можеле да видиме во иднина.
Еден интересен нов патент на Apple ни покажува дека компанијата размислува да додаде следење на здравјето на идните модели на AirPods слушалки. Патентната пријава ја опишува употребата на електроди за читање на различни биосигнали.
Собраните сигнали можат да бидат користени з електрокардиограм (ЕКГ), електромиографија (ЕМГ), електроенцефалографија (ЕЕГ) и слично, а малите електроди може да се вградат и во безжични и во жичени слушалки.
Можно е и нивно поставување во врвовите на слушалките, а за некои од мерењата корисникот ќе мора со прст да ја допре страната на конструкцијата на уредот. Секако, засега сè останува во доменот на патенти и не е сигурно дека решението ќе биде реализирано.