На 20 јули оваа година, астрономите забележале дека кометата што се приближувала наеднаш и необјасниво се осветлила, т.е. станала стопати посветла.
Станува збор за кометата 12P/Pons-Brooks која официјално е откриена во 1812 година, а која неодамна поради отцепување на остатоци и мраз наликува на Millennium Falcon – вселенски брод од филмовите Star Wars.
Во моментов, кометата уште е надвор од орбитата на Марс, а најблиску до Земјата ќе се приближи на 2 јуни 2024 година.
„Треба да биде видлива, сигурно ќе стане уште посветла, како што се случува со другите комети кога ќе се приближат до Сонцето“, изјави за Business Insider Ричард Мајлс од Британската астрономска организација.
Треба само да се забележи дека оваа чудна форма на кометата нема да биде видлива со голо око, дури и ако ја набљудувате со двоглед или со послаб телескоп. Ако одлучите да ја барате на ноќното небо, веројатно ќе ја видите како мала светла точка или дамка.
Децениска мистерија
Астрономите сè уште не се сигурни зошто кометата 12P/Pons-Brooks, која орбитира околу Сонцето на секои 71 година, осветли толку драматично во последните неколку недели. Мајлс верува дека причината за ова може да биде активен леден вулкан на неговата површина.
„Фактот дека има течност во кометата е револуционерна идеја со која научниците не можеа да се помират со децении. Но, кога ќе ја погледнеме оваа комета, нема друго објаснување освен тоа дека има и течност во неа, покрај црсти материи и гасови“, рече тој.
Така Мајлс претпоставува дека сјајот настанал откако сончевата светлина се рефлектирала од исфрлениот материјал од ледените вулкани.
Познато е дека кометите се непредвидливи, некои имале такви слични испади“, вели астрономот Џанлука Маси од Virtual Telescope Project. На пример, кометата 29P/Schwassmann-Wachmann еруптираше четири пати по ред во 2021 година и приреди спектакуларно шоу.
Маси шпекулира дека оваа необична форма на потковица, која потсетува на Millennium Falcon, се должи на сенката што maglovitiot слој околу јадрото на кометата што заедно со неа ја формира главата на кометата.
„Нејзината форма е прилично чудна“
Астрономот Кери Холт од Универзитетот во Мериленд изјави за Scientific American дека кометата исфрлила околу 10 милијарди килограми прашина и мраз за време на нејзиниот „излет“ во вселената. Иако научниците знаеле за вакви настани со векови, на Холт сè уште му е прилично чудна формата на 12P/Pons-Brooks и се надева дека дополнителните набљудувања додека се приближува до Сонцето ќе ја објаснат оваа необична форма на потковица.
Какво и да е објаснувањето, секако не се вонземјаните кои решиле да го отстранат „невидливиот штит“ од нивниот вселенски брод и да го објават нивното пристигнување. Како што веќе спомнавме, кометата е откриена во 1812 година, а покрај Земјата поминува на секои 70 години. Снимена е во 1884 и 1954 година и ниту еднаш за време на нејзиното поминување покрај Земјата досега не нè поздравиле вонземјани.