Google воведува нови алатки и опции за заштита кои ќе ви помогнат да ја задржите контролата над вашите лични податоци на интернет. Иако алатката „Results about you“ не е нова, таа носи одредени подобрувања.
Пронаоѓањето и отстранувањето информации за контакт од резултатите од пребарувањето на Google е уште полесно и автоматизирано.
Откако ќе ги внесете информациите за контакт (адреса, телефонски број, е-пошта) во вашиот Google профил, Google ќе ве извести кога ќе ги најде во резултатите од пребарувањето, со можност да побарате нивно бришење.
Алатката „Results about you“ која беше воведена минатата година останува во својата оригинална форма, одржувајќи ги сите постоечки опции.
Она што е ново е тоа што веќе не мора ни да ги пребарувате вашите лични податоци, Google ќе го направи тоа автоматски според она што е на вашиот профил на Google.
Резултатите што ќе ги најде Google ќе бидат прикажани во нова контролна табла преку која ќе може да се испрати барање за нивно отстранување. Важно е да се напомене дека отстранувањето на содржината од пребарувањето на Google не ја отстранува содржината генерално од веб или други пребарувачи, се вели во објавата.
Алатката моментално е достапна само во САД на англиски јазик, а наскоро се работи на нови локации и повеќе јазици.