Овие мерки се преземаат поради намалување на спамот и обидите за измама. Со цел креаторите преку линкови да можат да се поврзат со својата публика, наводно ќе им биде овозможен нов начин за споделување линкови
За да спречи корисниците да бидат изложени на малициозен софтвер, фишинг измами и други штетни содржини поврзана со измама, YouTube ќе го оневозможи кликнувањето на линкови поврзани со Shorts видеата почнувајќи од 31 август 2023 година, се вели во ажурираните услови за користење.
Покрај тоа, креаторите ќе ја изгубат и можноста да објавуваат линкови до нивните профили на други социјални мрежи, бидејќи YouTube ќе ги отстрани иконите на социјалните медиуми што може да се кликнат од банери на каналите.
YouTube, барем според објавата, засега не планира да оневозможи други линкови на платформата да се кликаат. Покрај тоа, се наведува дека ова е направено како мерка на претпазливост „за да им отежнат на измамниците и спамерите да ги доведат или измамат корисниците преку линкови“.
„Знаеме дека линковите се важен начин за креаторите да споделуваат информации и да им препорачаат производи/брендови на нивните заедници, поради што активно работиме на побезбедни начини за креаторите да вклучат важни линкови во нивната содржина.“, што значи дека креаторите на содржини сепак ќе добијат нови опции за објавување линкови за да останат поврзани со својата публика.