По само две недели кампања, заедницата Fortnite собра 144 милиони долари помош за Украина која е нападната од Русија.
Пред објавувањето на последната сезона, девелоперот Epic Games вети дека ќе го донира целиот приход собран преку популарната игра Fortnite за помош на Украина. По само две недели, беа собрани 144 милиони долари, а во акцијата за помош се приклучи и Microsoft, кој исто така сака да помогне во напорите за поддршка на настраданите Украинци.
Само во текот на првиот ден од кампањата, Fortnite собра 36 милиони долари, а по планираната двонеделна кампања, 144 милиони долари.
Гејмерската заедница, односно девелоперите на игри, активно се вклучија во собирањето средства за помош на Украина, па така Riot Games собра 5,4 милиони долари преку својата игра на League of Legends. Покрај тоа, страницата Itch.io собра 6 милиони долари, а Humble Bundle 20 милиони долари.
Гејмерите и програмерите ширум светот ги здружија силите за да му помогнат на украинскиот народ, а некои големи издавачи го ограничија или целосно го затворија својот бизнис во Русија.
Извор: Klix.ba