Јужнокорејскиот гигант Samsung наводно подготвува три ISOCELL сензори со висока резолуција за втората половина на следната година, од кои едниот ќе има дури 440 MP.
Трите ISOCELL сензори со висока резолуција што Samsung наводно ги подготвува за 2024-та година најверојатно ќе се најдат во серијата телефони Galaxy S25. Иако Samsung веќе може да се пофали со ISOCELL камери со резолуција од 200 мегапиксели, следната година ќе пристигнат нови сензори, од кои едниот ќе има дури 440 MP, пишува Wccftech.
Како што е објавено од @Tech_Reve, Samsung масовно ќе произведува нов сензор GN6 од 50 MP со големина на пиксели од 1,6 μm, но во развој е и нов HP7 од 200 MP со големина на пиксели од 0,6 μm. Сепак, најамбициозниот план во овој поглед е сензорот ISOCELL HU1 од 440 MP, со сè уште непозната големина на пиксели.
Samsung ISOCELL sensors being mass-produced in the latter half of 2024.
– 200MP with 0.6μm HP7
– 50MP with 1.6μm GN6
– 440MP with ??μm HU1— Revegnus (@Tech_Reve) August 17, 2023
И покрај тоа што пишува дека сите три сензори ќе претрпат масовно производство, уредите во кои ќе бидат сместени овие сензори не се посочени. Меѓутоа, доколку производството навистина е поставено за втората половина на следната година, тогаш новиот сензор со 440 MP би можел да биде резервиран за телефонот Samsung Galaxy S25 Ultra. Исто како што ISOCELL HP2 од 200 MP се најде во S23 Ultra.
Сепак, имајќи предвид дека тековната генерација на премиум телефонски чипови во моментов не можат да поддржат никаков сензор за фотографија од 440 MP, тоа значи дека можеме да очекуваме и нова генерација на чипови со посилни перформанси и процесори за слика. Во прилог на ова има и информации дека Samsung работи на својот „чип од соништата“, односно нов силикон кој треба да им конкурира на водечките (Snapdragon) полупроводници.
Во соопштението не се споменува како Samsung ќе успее да вгради сензор од 440 MP во куќиштето на смартфонот, со оглед на тоа што квалитетот на сликата може воопшто да не се подобри доколку сензорот нема доволно големи пиксели, што повлекува и поголема физичка големина.
Пред официјалните, сепак, ќе треба да почекаме уште некои инсајдерски информации за да создадеме поцелосна слика за овие планови на Samsung.