Поврзаноста со 5G ни отвора целосно нов свет на можности и функционалности, но за да го „јавнеме бранот“ на новата дигитална еволуција, потребни ни се и уреди кои можат тоа да ни го овозможат. Овој месец, Телеком го промовираше новиот T Tablet – мултифункционален уред со супериорни перформанси по достапна цена, а ние ја имавме можноста да го тестираме и да провериме дали возбудата околу него е навистина оправдана…
Иако не е чест случај, понекогаш телекомуникациските оператори на пазарот нудат уреди со моќни перформанси по многу поволни цени. На тој начин, корисниците добиваат премиум уред за пониска цена од неговата вредност, а операторот ја добива лојалноста на корисникот во следниот период. По воведување на T Phone и T Phone Pro минатата година, сега Телеком глобално го лансираше и T Tablet – 5Gуред наменет за современиот корисник, со цена достапна секому.
Првиот впечаток е дека се работи за уред наменет за секојдневно користење, кој нуди доволно можности за ги задоволи сите потребите на просечниот корисник, но и да понуди врвно корисничко искуство, без разлика на цената.Како и голем дел од паметните уреди, тој работи на OS Android. Моќната батерија од 7.000 mAh опремена со можност за брзо полнење овозможува активно користење и до 13 часа, што го прави овој таблет совршен за пребарување и читање, но и за учење, забава, па дури и повеќечасовен стриминг на омилените содржини.
А кога сме кај стримингот, T Tablet е практично и едноставно решение за дилемата која ја поставува прашањето „Каде да ја гледам новата епизода од омилената серија?“… па се разбира – на таблет! Екранот од 10,4 инчи со резолуција 2000*1200 овозможува пријатно гледање на било каква содржина, во било која позиција – седната, легната или во движење.
Но, ова е многу повеќе од само уште еден обичен таблет за забава кој ќе остане долго во фиоката од вашето биро. Сериозните перформанси му овозможуваат на T Tablet да издржи и часови работа на разни апликации, благодарение најмногу на моќниот процесор MediaTek Dimensity 700 / Octa Core – 2* 2,2GHz + 6*2GHz. Комбинацијата со 6GB RAM меморија ќе ви даде сигурност дека можете да се потпрете на T Tablet дури и за вашите професионални потреби.
Вљубениците во технологијата ќе бидат презадоволни бидејќи T Tablet е опремен со систем на две камери на задниот дел, со главна камера од 8MP и сензор за длабочина од 2MP. Селфи камерата од 8MP со дигитално зголемување обезбедува одлични автопортрети и ниту за момент нема да направи да се чувствувате како да пропуштате нешто добро бидејќи во раката не држите еден од оние скапи, модерни смарт уреди… Овој T Tablet навистина изгледа „фенси“.
А сепак, овие допадливи технички спецификации се само почетокот. Вистинската придобивка која ја нуди овој таблет е поврзана со мрежата и новите генерации на технологии.
T Tablet го отсликува најновиот тренд на Телеком во интерес на обезбедување помасовен 5G пристап кај граѓаните ширум светот. До крајот на оваа година се очекува да биде обезбедена 5G покриеност на околу 70% од територијата на нашата земја. И додека оваа мрежа станува подостапна и се’ попотребна за функционирање во новиот дигитален свет, се чини дека јазот помеѓу оние кои можат и не можат да си дозволат 5G уреди сè повеќе се зголемува. Па така, овој специјален уред беше создаден од страна на Телеком за да се осигура дека што повеќе луѓе ќе имаат можност да се приклучат на глобалната 5G мрежа и да ги уживаат придобивките на новите генрации технологии по достапни цени.
Финалниот заклучок е дека T Tablet-от е уред за секој оној што сака да ја има последната, најсовремена технологија во своите раце, а притоа да не мора да одвои големи суми за премиум брендирани таблети кои почесто се далеку поскапи од она што би сакале и би можеле да си го дозволиме. Врвните перформанси, споредливи токму со овие премиум уреди, му даваат и врвна препорака на T Tablet, а стилскиот дизајн и ниската цена ни најавуваат дека овој уред набрзо би можел да стане вистински хит кај корисниците од нашиот пазар.