Најголемата руска платформа за продажба на даркнет, Hydra Market, која е на руски јазик од 2015 година, е затворена и се запленети биткоини во вредност од 23 милиони евра, соопшти синоќа германското правосудство.
– Запленети се серверите на најголемиот светски даркнет пазар и 543 биткоини во вкупна вредност од околу 23 милиони евра, се вели во соопштението на Државното обвинителство на Франкфурт и Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА).
„Darknet“ е паралелна верзија на Интернет во која е загарантирана анонимноста на корисниците. Инспекторите се сомневаат дека платформата „Хидра маркет“, која има околу 17 милиони корисници, била користена за криминални активности и перење пари, со повеќе од 19.000 продажни сметки. Само во 2020 година, најмалку 1,23 милијарди евра биле генерирани преку платформата Hydra Market, што го прави „нелегален пазар во светот со најголем промет“, се вели во соопштението. Веб-страницата на руски јазик достапна преку мрежата Тор главно се користеше за продажба на дрога, украдени податоци и фалсификувани документи.