Microsoft Paint е една од алатките што повеќе се користеше за исмејување на нечие знаење за обработка на слики отколку што всушност беше користена. Тоа сега би можлое да се промени.
Не можеме да кажеме дека Microsoft Paint е алатка која заслужува да биде предмет на мимови и потсмев на другите корисници кога станува збор за знаењето за обработка на фотографии. Со текот на времето, Paint прерасна во многу посериозна алатка од она како започна, и она што луѓето воопшто знаат за неа.
Она што е најважно е дека Microsoft има сериозни планови со апликацијата Paint. Најновите ажурирања на изданијата на Windows 11 Insider покажуваат дека Paint ќе добие една од основните функции резервирана за програмите како Photoshop – отстранување на позадината, се вели во официјалниот блог на Windows.
Елиминирањето на позадината на сликата за да се изолира одреден предмет одзема многу време ако се направи рачно. Сепак, најновото ажурирање на Paint вклучува алатка за автоматско отстранување на позадината што го прави сето ова за вас.
Microsoft наведува:
„Со ова ажурирање, воведуваме отстранување на позадината! Со алатката за отстранување на позадина, сега можете автоматски да ја отстраните позадината на која било фотографија со само еден клик, оставајќи мазен исечок на предметот. Отстранувањето на позадината може да открие субјект од целото платно или од селекцијата со помош на алатката за избор”.

