Apple денеска го одржа големиот настан под името Wonderlust и ја претстави својата нова линија смартфони и паметни часовници. Sвезди на претставувањето беа четирите нови телефони од новата iPhone 15 серија, новите Аpple Watch Series 9 часовници и втората генерација на најскапиот часовник на компанијата – Apple Watch Ultra 2.
По долготрајното претставување на новите паметни часовници, Тим Кук конечно се префрли на iPhone 15. Стандардните модел, како што се најавуваше со месеци, добиваат Dynamic Island, што значи дека засекот оди во историјата. iPhone 15 и iPhone 15 Plus може да се пофалat со Super Retina XDR екран кој има максимална декларирана осветленост од 2.000 нита. Помалиот iPhone 15 има екран од 6,1 инчи, а Plus моделот има екран од 6,7 инчи. И двата се заштитени со cerramic shield заштита на стаклото.
Рамките на куќиштето се позаоблени, што значи дека телефонот треба подобро и поцврсто да лежи во рака. Сепак, тоа значи дека нема повеќе екстремно остри и рамни рабови кои некои корисници ги сметаа за исклучително привлечни. iPhone 15 има нов систем на камера предводен од главен сензор од 48 мегапиксели со отвор на бленда од f/1,6. Има и 12-мегапиксели 2X телефото сензор кој има функција за континуирано зумирање за снимање видео.
Apple годинава се фокусираше на портрет режимот кои според компанијата треба да овозможи најквалитетни портретни фотографии најквалитетни досега. Новиот iPhone 15 автоматски ќе детектира кога да го вклучи портрет режимот, па корисникот повеќе нема да мора самиот да го избира. Воведени се уште неколку функции, а подобрена е и ноќната фотографија и HDR фотографијата.
Кога станува збор за перформансите, новиот iPhone 15 го користи истиот A16 Bionic чипсет како и минатогодишниот iPhone 14 Pro. Батеријата е декларирано дека трае цел ден, а Apple посебно го истакна подолгото траење на батеријата на iPhone 15 Plus. Точната бројка на зголемувањето на капацитетот не беше наведен. Чипсетот доаѓа со подобрен Ultra Wideband, што треба да резултира со подобра FindMy функционалност.
Воведена е и Roadside Assistance via Satellite функцијата, која им овозможува на корисниците да побараат помош во ситуации без сигнал, доколку, на пример, им се расипе автомобилот. Функцијата моментно е достапна само во САД, но наскоро може да се прошири глобално, заедно со СОС за итни случаи.
Како што беше најавено, iPhone 15 конечно доби USB-C приклучок, заменувајќи го долгогодишниот Lightning порт. Новите смартфони доаѓаат во црна, сина, зелена, жолта и розова боја. Цената за почетната верзија на iPhone 15 со 128 GB простор за складирање изнесува 799 долари, додека цената за воведниот Plus модел е 899 долари.