Во текот на изминатите месеци имаше доста индикации дека Samsung подготвува нов тип на производ, поточно паметен прстен. Ова го предлагаат големиот број имиња со заштитен знак, вклучувајќи го и Galaxy Ring.
На овој начин, компанијата ќе го прошири и своето портфолио на уреди за носење. Сега има нови информации дека уредот би можел да биде претставен следната година заедно со Galaxy S24 серијата паметни телефони.
Информацијата за ова доаѓа од дојавувачот @UniverseIce кој ја сподели информацијата на кинеската социјална мрежа Weibo. Ова треба да се случи во јануари, а новиот тип на производ може да биде најинтересен на настанот.