iPhone 15 и iPhone 15 Pro може да се полнат од 0 до 100% за помалку од два часа со помош на USB-C кабел и стандарден 20W Apple USB-C полнач. iPhone 15 може да црпи максимум 27W електрична енергија преку постоечкиот USB- C приклучок и тоа остана практично непроменето во споредба со iPhone 14 серијата, која се полни со иста брзина со помош на Lightning интерфејсот.
Она што е различно со пристигнувањето на USB-C портот е тоа што iPhone 15 сега може да испорача значително повеќе енергија за поврзување додатоци и надворешни уреди. Според наводите на Macotakara, iPhone 15 ќе може да испорача максимални 4,5 W до дополнителни поврзани додатоци и опрема поврзани преку USB-C конекцијата.
Чисто за споредба, Lightning приклучокот на претходните генерации на iPhone испорачуваше значително помала моќност, максимум 0,3 W.
Ова значи дека е многу веројатно опсегот на различни додатоци за iPhone значително да се прошири, сега кога уредите може да се снабдуваат со доволно енергија директно од самиот iPhone. Значително полесно и поудобно отколку да се користат дополнителни екстерни исправувачи.
На пример, USB-C преносните дискови кои се напојуваат директно од уредот на кој се поврзани, сега можат директно да се поврзат и со iPhone и да служат како надворешна меморија. Кај Phone 15 Pro моделите, вграден е USB-C приклучок со спецификации USB 3.2 Gen2, кој овозможува пренос на податоци со брзина од 10 Gbps.