Во петокот, на 1-ви април, компанијата за маркетинг услуги и развој на веб и софтверски решенија „Пиксел” прослави 9 години од своето постоење.
Од самото формирање во 2013-та година, „Пиксел“ во облик на стартап иновативно се позиционираше на пазарот како хибридна компанија која нуди секаков вид на дигитални услуги, за денес да може да се пофали со импресивно портфолио – повеќе од 50 активни клиенти ширум светот и речиси 40 вработени. Од менаџментот на компанијата велат дека сето ова се должи на внимателниот и професионален пристап кон понудата и реализацијата на услуги.
„Гледајќи наназад низ годините, среќен сум каде стигнавме и што сѐ постигнавме во изминатите 9 години. Сакам да им се заблагодарам на сите кои на кој било начин придонесоа во градењето на „Пиксел“ приказната во изминатиот период. Горд сум што сме препознаени од опкружувањето како иновативна компанија која ги следи модерните трендови на работа во делот на дигитална трансформација. На пазарот во Македонија сме први кои се стремиме целосно да примениме агилен начин на работа и во дигиталниот маркетинг, односно на клиентите да им понудиме посветени, високо професионални тимови кои ќе работат во нивно име и за нивните потреби, пристап кој беше незамислив во дигиталниот маркетинг до пред 2-3 години.“ – вели Димитар Јовевски, партнер и бизнис девелопмент директор во „Пиксел“, воедно и професор на Економскиот факултет во Скопје.
Компанијата забележа забрзан прогрес во последните неколку години, пред сѐ поради големата побарувачка на дигитални услуги, како и поради фактот што „Пиксел“ веќе долги години има препознатливо реноме и искуство во делот на дигитална трансформација. Но, прогресот во голема мера се должи и на јасната насока на менаџментот кон градење на партнерски односи со клиентите за да им помогне во нивниот раст и развој преку дополнителни бизнис и консултантски услуги.
Во изминатиот период сѐ повеќе домашни и меѓународни компании го избраа „Пиксел“ за партнер во процесот на раст и развој на нивниот бизнис, овозможувајќи ѝ на компанијата да стане еден од најпосакуваните работодавачи во полето на своето делување во земјата, привлекувајќи ги најдобрите професионалци да го збогатат нејзиниот тим.
„Овој роденден и самата прослава означија едно ново поглавје во нашето функционирање во насока на помагање на помалите бизниси кои не се доволно експонирани во јавноста, а кои имаат што да покажат и понудат. Само на тој начин, во еден таков круг каде што поголемите ги потпомагаат помалите, можеме да постигнеме економски напредок кој е исклучително важен за понатамошен развој на општеството. Тука е секако и желбата за континуирано градење и негување на тимскиот дух и поврзаноста помеѓу вработените, преку промовирање на вредности и општествено одговорни активности кои ќе ги поттикнат понатаму и останатите да го следат овој пат.“ – изјави Филип Ристевски, партнер и генерален директор на „Пиксел“.
Оттука, темата на роденденот беше фокусирана на значењето на луѓето кои се дел од тимот и кои ја градат компаниската култура на соработка, тимски дух и посветеност кон клиентите. Токму затоа, менаџментот на компанијата се одлучи да ја организира прославата на отворено во Винскиот музеј во Кавадарци и да ја поддржи идејата на Винаријата Кимов да се креира едно уникатно искуство на винска дегустација и едукација за вработените.
„По 9 години постоење можам со гордост да кажам дека создадовме компанија која е препознатлива по своите вредности, низ која поминаа голем број на успешни млади луѓе кои и понатаму продолжија да ја градат нивната кариера во големи светски компании. Ова е компанија во која се негува креативноста низ секоја можна призма, каде што тимската работа е на највисоко ниво, каде што клиентите ни се партнери и пријатели во взаемниот раст и развој, а луѓето се тие кои со својата енергија и мотивација го водат „Пиксел“ во правец на компанија со глобални вредности.” – истакна Владимир Ристевски, партнер и креативен директор на „Пиксел”.
Визијата на „Пиксел“ е да стане водечка компанија за дигитален раст во регионот и да биде препознатлива како идеален работодавач за сите млади и креативни луѓе кои имаат што да покажат во полето на развој на софтвер, дизајн, маркетинг и бизнис раст.
Ова е само дел од атмосферата на прославата, а доколку и вие сакате да бидете дел од овој прекрасен и брзорастечки тим на креативци и инженери пријавете се на https://piksel.mk/career/.