LG го најави својот прв преносен компјутер на преклоп, LG Gram Fold со OLED екран, покрај кој ќе оди и бесплатно пенкало и глувче. Слично како ASUS Zenbook 17 Fold и Lenovo ThinkPad X1 Fold, LG Gram Fold е уред со флексибилен екран осетлив на допир, кој може да се користи како масивен таблет или компјутер кога е целосно отворен.
Лаптопот има OLED екран од 17 инчи со QXGA+ (2560 x 1920 пиксели) резолуција кога се користи само како екран, а може да се поврзе и со посебнa Bluetooth тастатура ако сакате да го користите како PC. ПОкрај тоа, лаптопот има поддршка за стајлус, поради што може да се однесува како традиционален таблет за проекти од уметноста, архитектурата и дизајнот.
Кога ќе се преклопи, горниот дел станува екран од 12 инчи, додека долниот може да се претвори во тастатура. Од LG истакнуваат дека го тестирале моделот и потврдуваат дека може да издржи 30.000 преклопувања без оштетување на екранот.
LG Gram Fold го покренува Intel Core i5 процесор од 13. генерација со Iris Xe графика и доаѓа со 512 GB (M.2 NVMe) SSD простор за складирање, Pivot Stereo звучници (1,5 W x 3) и батерија од 72 Wh, додека од приклучоците присутни се USB 4.0 Gen 3×2 Type C (x1, USB PD & Thunderbolt 4) и USB 3.2 Gen 2×1 Type C (x1, USB PD), а работи на Windows 11.
LG Gram Fold треба да се појави во продажба во октомври, но моментно само во Кореја. Неговата цена изнесува 4,99 3.700 долари), што е поевтино од Spectre Fold на HP, кој се продава за 5.000 долари. Се уште не е познато кога би можел да се појави на глобалниот пазар.