Најновиот Smart M8 монитор на Samsung, кој беше претставен за време на CES саемот, сега е достапен во претпродажба. Паметниот монитор М8 има поддршка за стриминг услуги, вклучувајќи ги Netflix, Amazon Prime Video, Disney+ и Apple TV, како и платформите за cloud гејминг. Мониторот има два вградени звучници од 5V и високотонец, што испорачуваат 2,2 канален звук.
Екранот доаѓа со магнетна, отстранлива камера SlimFit што може да се користи за видео повици. Full HD веб-камерата има функции за следење на лицето и автоматско зумирање за да може да ве следи додека се движите и автоматски да се фокусира на вашето лице. Тука е и микрофонот на далечно поле, кој се користи доколку корисникот е подалеку од мониторот.
M8 има интегриран SmartThings центар, кој овозможува да се контролираат компатибилните паметни домашни уреди. Мониторот може безжично да се поврзе Windows PC или Mac, а може и да се преслика екранот на дисплејот на паметниот телефон. Постои и опцијата за прелистување на веб, уредување документи и работа на проекти без поврзување со компјутер, делумно благодарение на вградената поддршка за Microsoft 365. Smart М8 има дебелина од само 11,4 мм, што според Samsung е околу една четвртина од дебелината на претходните монитори. Екранот од 32 инчи има UHD резолуција од 3.840 x 2.160 и HDR 10+ компатибилност. Се одликува со формат 16:9 и контраст од 3.000:1, а има поддршка за 1,07 милијарди бои, покривајќи 99 проценти од sRGB спектарот.
Стапката на освежување достигнува максимум од 60 Hz, што може да биде малку за некои корисници, додека времето на одзив изнесува 4 ms. На предната страна, мониторот има една micro HDMI порт и двa USB-C приклучока, заедно со поддршка за WiFi 5, AirPlay 2 и Bluetooth 4.2. Доаѓа со сталак што се прилагодува по височина. Цената на Smart M8 мониторот почнува од 700 долари за белиот модел. Пролетните зелени, розовите и сините модели ќе чинат малку повеќе, односно 730 долари.