Денеска заедно со новиот Galaxy S23 FE смартфон, Samsung претстави уште два Fan Edition уреди. Тоа се Galaxy Tab S9 FE и FE+ таблет уредите, како и целосно безжични слушалки Galaxy Buds FE.
Двата таблет уреда имаат IPS екрани со дијагонали од 10,9 и 12,4 инчи, Full HD+ резолуција и стапка на освежување од 90 Hz. Додадена е технологијата Vision Booster која е позната од паметните телефони на компанијата, а мултимедијалниот систем се состои од стерео звучници со Dolby Atmos.
Уредите користат Exynos 1380 чипсет со 6/8GB и 8/12GB RAM соодветно, како и 128/256GB простор за складирање. Батериите се со капацитет од 8000 mAh и 10000 mAh со брзо полнење до 45 вати, но во комплетите нема полнач.
Додадени се предни камери од 12 MP со објектив со ултраширок агол, а има сензор од 8MP на задната страна и дополнителна 8MP ултраширокoаголна камера на Tab S9 FE+. Таблет уредите поседуваат IP68 сертификат за водоотпорност и доаѓаат во комплет со S Pen.
Новите таблет модели се достапни во нане, сребрена, сива и лаванда варијанта на бои по цени од 529 и 699 евра. Има и 5G варијанти кои се поскапи за 100 евра.
Што се однесува до Galaxy Buds FE, тие се најевтините целосно безжични слушалки на компанијата, со цена од 109 евра. Доаѓаат со технологија за активно поништување на шумот, Bluetooth 5.2, истовремена врска со два уреди и поддршка за AAC и SBC кодек.
Во секоја слушалка има потри микрофони, а вградената батерија има автономија од 6 часа со ANC и вкупно 12 часа ако се земе предвид и кутијата за полнење. Се разбира, постои и функционалноста за контрола на допир. Новите слушалки се достапни во графитна и бела боја.