Google Pixel 8 ќе се продава по цена од 799 евра за верзијата со 128GB, а цената на Pixel 8 Pro со истиот простор за складирање изнесува 1099 евра.
Компанијатa Google на медиумски настан вчера официјално ги претстави долгоочекуваните Pixel 8 и Pixel 8 Pro смартфони, кои користат Tensor G3 чипсет произведен од Samsung со технологија од 4nm.
Чипсетот има дизајн со 9 јадра и нуди едно моќно јадро Cortex-X3, четири Cortex-A715 јадра и уште четири Cortex-A510 јадра. Додадени се 8 GB RAM (Pixel 8) и 12 GB (Pixel 8 Pro), а вградената меморија започнува од 128 GB. Двата уреди имаат рејтинг за отпорност на вода IP68 и се првите што се лансираат со новиот Android 14.
Покрај тоа, Google ветува целосна 7-годишна софтверска поддршка, која вклучува надградби на Android, безбедносни поправки и редовни ажурирања на Feature Drops кои додаваат нова функционалност. Ова е големо подобрување во однос на претходната софтверска политика на компанијата и нешто што го следи примерот на Apple. Дополнително, Google ја проширува и хардверската поддршка со обезбедување резервни делови за период од 7 години.
Pixel 8 Pro
Pixel 8 Pro нуди 6,7-инчен QHD+ LTPO 120Hz OLED дисплеј со врвна осветленост од 2400 нита на отворено, што е навистина импресивно. За споредба, максималната осветленост на iPhone 15 серијата изнесува 2000 нита. Дисплејот е покриен со Gorilla Glass Victus 2. Оваа година корисниците ќе можат да избираат од три бои – црна, сина и беж.
Уредот нуди и нов температурен сензор покрај главната камера, кој може да се користи за мерење на температурата на различни предмети, а компанијата исто така чека одобрение од FDA за мерење на телесната температура и складирање во Fitbit. Смартфонот има батерија од 5050 mAh која поддржува брзо жично полнење на 30W и безжично полнење на 23W.
Главната камера е тројна и вклучува главен сензор од 50 MP со автофокус Octa-PD и OIS, нов сензор од 48 MP со ултраширок објектив и Quad-PD автоматско фокусирање и Quad-PD сензор од 48 MP со автофокус и 5x оптички зум. На предната страна, има нова селфи камера од 10,5 MP со широко видно поле. Камерата нуди функции како Photo Unblur, Magic Eraser, Best Take и „макро“ режим со ултрашироката камера. Додадени се и професионални опции за контрола на камерата што недостасуваат кај Pixel 8.
Pixel 8
Pixel 8 нуди помал FHD+ екран од 6,2-инчи кој поддржува освежување до 120 Hz и е заштитен со Gorilla Glass Victus, а неговата максимална осветленост достигнува 2000 нита. Главната камера вклучува Octa-PD главен сензор од 50 MP со дигитален зум од 8x Super-Res и нов сензор од 12 MP со ултраширок објектив и автоматски фокус со можност за макро фотографирање. Селфи камерата повторно е 10,5 MP. Батеријата има капацитет од 4575 mAh и може да се полни жично на 27W и безжично на 18W. Уредот е достапен во црна, зелена и розово златна боја.
Google Pixel 8 ќе се продава по цена од 799 евра за верзијата со 128GB, а цената на Pixel 8 Pro со истата меморија изнесува 1099 евра. Во Германија до 16 октомври, купувачите на Pixel 8 ќе добиваат слушалки Pixel Buds Pro (цена 229 евра) или попуст од 229 евра на Pixel Watch 2, а за оние кои ќе го изберат Pixel 8 Pro има Wi-Fi часовник Pixel Watch 2 (цена 399 €) или Pixel Buds Pro како подарок или 399 € попуст на Pixel Watch 2 (LTE).
За споредба, минатата година цените на Pixel 7 и Pixel 7 Pro во Европа започнуваа од 649 и 899 евра.