Во рамките на Samsung Developer Conference 2023, компанијата официјално ја претстави следната верзија на графичкиот кориснички интерфејс One UI 6.0. Потсетуваме дека веќе некое време е достапна бета верзија на софтверот.
Новиот One UI 6 нуди повеќе начини како да го направи вашиот паметен телефон полесен за користење, полесен за управување и малку повеќе да ве одразува вас самите. Има подобрен брз панел со освежен, интуитивен изглед и чувство, со поставки групирани заедно за лесно користење.
Со One UI 6, воведен е нов ексклузивен фонт: One UI Sans, за подобра читливост на дигиталните екрани. Кога станува збор за фотографиите, One UI 6 ја анализира онаа што ја гледате и ги предлага најдобрите AI алатки за уредување во рамки на една алатка до која лесно се пристапува. Покрај тоа, со Samsung Studio, можете да го уредувате вашето видео на повеќе начини, со додавање текст, стикери и музика каде сакате и кога сакате.
Благодарение на неговата способност да обезбеди персонализирано и интуитивно корисничко искуство со подобрени функции, One UI 6 навистина им овозможува на корисниците да добијат многу повеќе од својот паметен телефон отколку порано.
Samsung не открива кога софтверот ќе биде достапен, но веројатно е дека ќе дебитира пред крајот на годината и ќе биде достапен на голем број постари и понови уреди.